Тренерот на голманите на руската репрезентација Виталиј Кафанов, кажа дела Русија му понудила на Иван Проведел да игра за националниот тим на „зборнаја“, но тој категорично одбил. Мајката и баба му се од Русија, а татко му Италијанец.
Голманот на Лацио има потекло од Русија, а беше пoвикан за националниот тим на Италија против Англија и Унгарија во Лигата на Нации, но и натаму нема настап за „аѕурите“.
„Го следиме развојот на Проведел. За жал, тој одби да комуницира со нас. Побарав од федерацијата да зборуваме со него. Тој рече дека не сака да комуницира со никого од Русија. Можеше да го повикаме на последниот тренинг камп“, изјави Кафанов.
Проведел го сврте вниманието кон себе, откако постигна гол за Лацио во пресметката со Атлетико Мадрид (1:1) во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

