Гичевска: Верувам дека Македонија ќе игра на ЕП 2024

Женската ракометна репрезентација на Македонија со дуелот против Азербејџан на домашен терен, денеска ќе ги стартува настапите во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

Една од најдобрите македонски ракометарки Леонида Гичевска пред овој циклус вели дека за првпат откако е таа во селекцијата имаме изгледни шанси за пласман на едно првенство.

“Имаме  шанси за пласман на Европско првенство, можеби и најреални откако јас сум дел од оваа репрезентација. Не сакаме никого да потценуваме, ниту да преценуваме, но сепак изненадувања се возможни. Секој противник мораме да го сфатиме сериозно и да се фокусираме на нашата игра. Азербејџан како екипа не ја познаваме многу, но со сигурност тврдам дека е репрезентација која мораме да ја надиграме”, изјави Гичевска.

Натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан кој ќе се игра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ е закажан со почеток во 18 часот.

Се вчитува...