Иако има уште многу време до почетокот на зимскиот преоден рок, Јувентус веќе има план по кого ќе тргне. Тимот од Торино „таргетираше“ седум играчи за да го засили својот тим, открива „Газета дело спорт“.
Прв на листата на бјанконерите е играчот од средниот ред на Тотенхем, Пјер-Емил Хојбjерг. Данецот би требало да дојде како замена на Пол Погба, кој е суспендиран поради допинг, и голема е шансата да стави крај на кариерата. Хојбjерг го загуби стартното место во Тотенхем, и голема е шансата да побара трансфер.
Лазар Самарџиќ од Удинезе и Јусуф Фофана од Монако се исто така на „мета“ на „старата дама“ за засилувања во средниот ред. Јувентус бара опции и во офанзивата. Меѓу играчите на мета се офанзивните играчи за врска, Ману Коне од Борусија Менхенгладбах и Абиб Диара од Стразбур, како и крилните играи Доменико Берарди од Сасусоло и Георги Судаков од Шахтјор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

