Фудбалерот на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо по одличната мината сезона, го привлече вниманието кон себе на неколку европски екипи, а меѓу нив е и Манчестер Јунајтед.
Јапонецот и оваа есзона е одличен, и во 10 меча има пет голови и 2 асистенции, земајќи ја наградата за најдобар играч во септември во Ла Лига, пред Белингем и Левандовски.
Раководството на „црвените ѓаволи“ во него гледа како решение на крилната позиција, и замена за Џејдон Санчо кој е суспендиран од страна на Ерик тен Хаг, и можно е да биде продаден во јануари. Исто така Јунајтед не е задоволен од играта на Антони, па така ќе бара решение на крилната позиција, а едно од имињата е токму Јапонецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

