Славната американска гимнастичарка Мери Лу Ретон, се бори за живот и се наоѓа на интензивна нега повеќе од една недела, откако и е дијагностициран редок облик на воспаление на белите дробови, соопшти нејзината ќерка Мекена Кели.
Таа објави дека нејзината мајка е во болница, и молеше за финансиска помош, за да се соберат средства потребни за лекувања. Мекена кажа дека Мери Лу не е здравствено осигурана.
Мери Лу Ретон е првата Американка која освои златен медел на Олимписките игри во гимнастика, а тоа го стори во Лос Анџелес во 1984 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА