Меси тренира, но и натаму е неизесен за Аргентина

Еден од најдобрите играчи на сите времиња Лионел Меси, е под прашалник за светсите квалификации за аргентинската репрезентација против Парагвеј, и покрај фактот што напаѓачот тренира со својата селекција.

Капитенот на светскиот првак настапи за својата селекција минатиот месец во победата над Еквадор, но го пропушти мечот против Боливија.

Аргентина во четврток на свој терен го пречекува Парагвај. Светскиот првак и Бразил стартуваа со по две победи во квалификациите. Меси не играше за Мајами на последните четири меча поради повреда, и се врати во саботата во натпреварот против Синсинати откако ги одигра последните десетина минути.

Медиумите во Аргентина тврдат дека Меси ќе игра против Парагвај, само не е познато дали ќе стартува или ќе влезе во вториот дел.

Се вчитува...