Хари Мегваер е честа мета на потсмев од англиската и европската јавност со неговите настапи за Манчестер јунајтед но и англиската репрезентација.
Сепак, постојат и оние кои се негова сериозна поддршка. Дефанзивецот откри дека по последната средба со Шкотска кога си постигна автогол, добил поддршка од легендарниот Дејвид Бекам.
„Разговарав со Бекам по Шкотска. Ме контактираше, и тоа навистина многу ми значи. Тој разговор беше многу значаен за мене. Цела кариера го гледав како пример, а и сега со тој потег и поддршката која ми ја даде покажа каква класа е“ – рече Мегваер.
Англија во моментов е на чело во Групата Ц од квалификациите за ЕП 2024, со шест бода предност во однос на Украина, Македонија и Италија, која има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

