Македонецот Александар Волкановски и официјално ќе се бори за УФЦ титулата во лесна категорија.
Волкановски на 21. октомври на УФЦ 294 настанот во Абу Даби ќе се бори со Русинот Ислам Махачев за титулата во лесна категорија.
Шампионот Махачев, кој го победи Волкановски во нивната претходна борба, требаше да ја брани титулата против Чарлс Оливеира, но Бразилецот Оливеира се откажа поради повреда, па на негово место влетува Волкановски кој е шампион во перолесна катеторија.

Волкановски сега ќе има можност да му се реваншира на Махачев за претходниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

