Ромелу Лукаку на пресконференцијата за медиуми во пресрет квалификациските натпревари за Евро 2024 на кои Белгија ќе се сретне против Австрија и Шведска, а на кои корпулентниот голгетер ќе ја носи капитенската лента говореше на повеќе теми.
Една од нив беше и трансфер сагата во летниот преоден рок во која искусниот Белгиец ги промени клупските бои во Италија и наместо да го продолжи престојот во Интер замина во Рома. Лукаку имаше и опција за премин во Саудиска Арабија, а за истата вели дека немал добро чувство.
„Не избегнувам одговор, но ќе говорам за тоа кога ќе дојде време. Кога би кажал се што се случуваше претходното лето би биле шокирани. Многу срања се случија. Имаше моменти кога мислев дека ќе експлодирам и да беше тоа пред пет години најверојатно ќе се случеше, но сега молчев и се фокусирав само на себе“, изјави Лукаку кој потоа говореше и за Саудиска Арабија.
„Ал Хилал е еден од најголемите клубови таму, но на крајот на разговорот имав некое лошо чувство. Разбирам зошто играчите одат таму, саудиската лига ќе биде една од најдобрите на светот, но тоа што не заминав таму беше само мој личен избор“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

