Антонио Конте е главна желба на Аурелио де Лаурентис за нов тренер на Наполи, но трофејниот стручњак најде начин да ги олади „наполитанците“ јасно ставајќи до знаење дека нема намера да седне на клупата на актуелниот првак на Италија.
И додека „Скај Италија“ пишуваше дека Конте е сериозно заинтересиран за Наполи и дека во следните 24 часа ќе се сретне во четири очи со Де Лаурентис, стигна демант од страна на трофејниот стратег, преку објава на неговите профили на социјалните мрежи.
„Слушам бројни гласини кои ме поврзуваат со многу клубови. Сепак, сакам уште еднаш да повторам дека јас сакам само да уживам со семејството“, изјави Конте, кој е без ангажман откако си замина од кормилото на Тотенхем.
Тој нема работено во Калчо-лигата од крајот на сезоната 2020/21, кога си замина до клупата на Интер веднаш по освојувањето на шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

