Јапонскиот олимписки комитет ја повлече кандидатурата на Сапоро за организација на Зимските олимписки игри во 2030 година.
Повлекувањето дојде по скандалите со корупција и местење натпревари за време на организацијата на Олимписките игри во Токио.
Градоначалникот на Сапоро, Кацухиро Акимото и претседателот на јапонскиот Олимписки комитет, Јасухиро Јамашита, на заедничката прес-конференција во Токио изјавија дека ја повлекуваат својата кандидатура поради недостиг на поддршка од граѓаните, чија доверба во голема мера е изгубена поради случаи на корупција во организацијата на Олимпијада во Токио 2021. години.
„Не можевме да го добиеме разбирањето на граѓаните. Постоеше широко распространето чувство на вознемиреност меѓу граѓаните за кривичните случаи поврзани со Игрите во Токио, но тие беа загрижени и за нивниот финансиски товар за организирање на Игрите“, рече Акимото.
Стокхолм сега е фаворит за организација на Зимските игри во 2030 година, а се чини речиси сигурно дека Солт Лејк Сити ќе биде избран за домаќин во 2034 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА