Лео Меси сепак нема да се врати во Барселона

Последните недели интензивно се шпекулираше дека е можно најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Андрес Лео Меси да се врати во Барселона, на позајмица до почетокот на новата кампања во МЛС, но од тоа изгледа нема да има ништо.

Каталонските медиуми пренесуваат дека нема никакви шанси тој да се врати во Барселона, а следниот период би сакал да го искористи како би поминал што повеќе време со своето семејство.

„Лео ќе има одмор од околу еден месец, како и другите фудбалери. Затоа, заборавете на евентуална преселба во Саудиска Арабија или Барселона“, пишуваат шпанските медиуми. 

Се вчитува...