Георгина преку фотографија со порака за војната во Израел, предизвика хаос на социјалните мрежи (ФОТО)

Девојката на еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо, Георгина Родригез предизвика вистински хаос на социјалните мрежи со објавата на фотографија како порака за актуелните несакани случувања на Блискиот Исток и војната меѓу Израел и палестински Хамас.

На својот Инстаграм профил Георгина објави фотографија со девојче кое седи на рушевини во појасот Газа по нападите од Израел, па многумина протолкуваа дека испраќа поддршка за Палестинците.

Сето тоа наиде на жесток револт кај Израелците и поддржувачите на Израел кои ја критикуваа затоа што ‘дала поддршка за терористичка организација која уби илијадници невини лица во Израел’.

Веднаш потоа Георгина ја избриша таа објава, па веќе спомнатата фотографија ја дополни и со друга фотографија од жена со дете во рацете која бега пред нападите на Хамас во израелски кибуц.

Георгина, овој пат, на фотографиите го постави и симболот за мир јасно испраќајќи порака дека „не поддржува страни, но е против војната во Израел и убиствата и страдањата на невини цивили“.

Се вчитува...