Реал ги чува „бисерите“: Валверде и Камавинга потпишаа нови договори

Реал Мадрид ги чува своите најдобри фудбалери откако „кралевите“ договорија продолжување на соработката со Едуардо Камавинга и со Федерико Валверде, двајцата играчи за врска кои сезонава се стандардни првотимци кај Карло Анчелоти.

„Кралевите“ се подготвуваат за „ерата по Модриќ и Крос“, a со задржувањето на францускиот и на уругвајскиот репрезентативец покажуваат дека нема да трошат богатствона нови играчи за врска, туку ќе им укажат доверба на оние кои со години се дел од клубот. Како што јавуваат шпанските медиуми, двајцата фудбалери веќе потпишале договори со 2028 година, во кои има клаузули за раскин во висина од по една милијарда евра.

Камавинга е член на Реал Мадрид од 2021 година, кога пристигна од Рен во трансфер вреден 31 милиони евра. Валверде уште како тинејџер во 2016 година дојде од Пењарол за пет милиони евра, Уругваецот најпрвин настапуваше за младинските екипи, а веќе неколку години со успех е дел од првиот тим на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...