Марк Маркез и официјално реши да настапува за тимот на Гресини во новата сезона од Мото ГП шампионатот, откако седумкратниот шампион веќе обелодени дека на крајот од сезонава ќе го напушти тимот на Репсол Хонда.
За услугите на 30-годишниот Маркез се интересираа неколку екипи, но тој го избра Гресини рејсинг за следна дестинација и од новата сезона ќе вози мотор на Дукати. Она што е уште поинтересно, Марк за тимски колега ќе го има својот брат Алекс Маркез, кој и сезонава е дел од Гресини и сигурно беше еден од важните фактори при одлуката на екс-шампионот.
„Возбуден сум за овој нов предизвик во кариерата. Не беше лесно да се донесе одлука, но некогаш треба да се излезе од комфорната зона за да се оствари уште поголем напредок. Верувам дека ќе му помогнам на новиот тим, но и целиот тим на Гресини ќе ми помогне на мене“, изјави Марк Маркез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА