Марко Верати почна нова авантура во својата фудбалска кариера откако италијанскиот плејмејкер си замина од ПСЖ и кариерата ја продолжи во далечниот Катар, потпишувајќи договор со екипата на Ал Араби.
Тој сосема неочекувано се најде на листата „отпишани фудбалери“ од страна на тренерот Луис Енрике, Верати беше желба на неколку европски гиганти, но на крајот реши да замине во Азија – од почит кон ПСЖ.
„Минав толку многу време во Париз, тоа е мојот дом и кога ќе ја завршам кариерата заедно со семејството дефинитивно ќе живеам во овој град. Не сакав ни да помислам да морам да играм меч против ПСЖ, тоа е единствената причина поради која воопшто не преговарав со клубовите од Европа. Кога веќе си одев од Париз, сакав тоа да биде што подалеку, за да не мора да играм против ПСЖ, клубот од кој имам толку многу прекрасни спомени“, изјави Верати.
Италијанскиот фудбалер јасно стави до знаење дека не му е лут на новиот тренер Луис Енрике, кој веднаш по доаѓањето реши да го стави Верати на листата непожелни играчи кои треба што поскоро да си заминат.
„Нема тука ништо лично, тој е тренер и донесе одлука, платен е за такви работи. Се сретнавме, ми објасни дека сум тука долго време, но и дека тој сака да ги менува работите од корен и дека нема да смета на моите услуги. Енрике е врвен стратег, јас не му се лутам, животот оди понатаму“, истакнува Марко Верати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА