Одложен е квалификацискиот натпревар за Европското првенство меѓу репрезентациите на Косово и на Израел, кој беше закажан за в недела на 15. октомври.
Во Израел од претходниот викенд траат жестоки воени конфликти кои започнаа со напад на Хамас од палестинска територија.
Сите спортски настани се одложени, во земјата е прогласена вонредна состојба, па израелските фудбалери нема да можат да го одиграат натпреварот во Приштина од седмото коло од квалификациската група И.
Во шесте одиграни кола, Израел оствари учинок од три победи, две нерешени и еден пораз и е во трка со Швајцарија и Романија за едно од првите две места кои водат на ЕП 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА