Кина го загуби местото во екипното коњичко натпреварување на Олимписките игри во Париз, откако беше откриено дека еден од коњите паднал на допинг тест.
Меѓународната коњичка федерација (ФЕИ) во средата соопшти дека кинескиот тим го загубил местото за олимписки квалификации откако била пронајдена контролирана супстанца во крвта на коњот што го јавал Алекс Хуа Тиан на натпревар во Ирска во јуни.
Кина го заврши натпреварувањето на второто место зад Австралија и обезбеди влез меѓу 16. репрезентации на Олимписките игри. Јапонија, која беше трета во Ирска, сега се искачи на второто место и со тоа ќе го заземе местото на Кинезите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА