Руи Патрисио доби спор против човек кој сакал да гради базен во негова зграда

Голманот на Рома, Руи Патрисио доби судски спор откако станар во Португалија незаконски изградил базен.

Италијанските медиуми пишуваат дека лекар од португалскиот град Леирија без дозвола почнал да гради базен во блок згради во сопственост на Руи Патрисио, а сето тоа на штета на луѓето од соседството.

Наводно, некои биле принудени да се иселат бидејќи постоела опасност од уривање на зградата.

Патрисио, откако се обидел вербално да го реши проблемот со соседот, бил принуден да оди на суд. И тој победи, па базенот ќе мора да се урне.

Се вчитува...