Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Холандија, Вирџил ван Дајк пред медиумите говореше на популарната тема за бројот на натпревари во еден сезона со која се соочуваат елитните клубови.
Според стоперот трендот на поголем број на натпревари во една сезона мора да запре и покрај големите примања на фудбалерите бидејќи здравјето е пред се.
„Ние во Англија веруваме дека распоредот е пренатрупан. Играчите фантастично заработуваат, но поради тоа не смее да трпи здравјето. Секоја сезона сме приморени да играме што повеќе натпревари. Ние играчите мора да се кренеме на нозе кога станува збор за ова прашање и да придонесеме да донесувањето на решение“, изјави Холанѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

