Русите повторно суспендирани од ИОК

Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) денеска изрече нова суспензија на Рускиот Олимписки Комитет, како одговор на новите активности што Русите ги презедоа во изминатиот период.

Имено, Рускиот Олимписки Комитет во последните денови официјална призна четири регионално организации од украинските територии што беа освоени од Русија за време на воениот конфликт.

„Станува збор за класично кршење на олиписките повелби, бидејќи со тие одлуки се нарушува територијалниот интегритет на Олимпискиот Комитет на Украина“, се вели во соопштението на ИОК.

Интернационалниот Олимписки Комитет објави дека дополнително ќе донесе одлука дали да дозволи учество на руските спортиски на претстојните ОИ во Париз. Првичниот план беше спортистите да учествуваат како „неутралци“, без обележја на земјата од каде што доаѓаат, но по најновите случувања расте притисокот врз ИОК за целосно бришење на Русите од листата на учесници на наредниот олимписки собир.

Се вчитува...