Зидан се враќа на кормилото на Реал Мадрид

Францускиот стратег Зинедин Зидан е најсериозниот кандидат за наследник на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.

Шпанските медиуми објавија дека веќе се почнати разговори меѓу „кралскиот клуб“ и Зидан за негово враќање на тренерската позиција, а во пакет со тоа да помогне и за ангажман на Килијан Мбапе.

„Анчелоти заминува на крајот на сезоната, а Зидан е најсериозна опција затоа што ќе го донесе Мбапе во Мадрид“ – пишува шпанскиот новинар Алварез.

Зидан претходно со „кралевите“ трипати ја освои Лигата на шампиони, двапати Ла Лига, а има трофеи и во Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство.

Се вчитува...