Јужноамериканско „лудило“: Меси плукнат од противнички играч, Нејмар нападнат од бразилски фанови (ВИДЕО)

Вистинско „лудило“ на јужноамериканската квалификациски натпревари синоќа, на кои во преден план беа едни од најдобрите светски фудбалери Лионел Меси и Нејмар.

Меси, од клупата за резервни фудбалери учествуваше во минималната победа на Аргентина над Парагвај од 1-0, но ќе остане забележан по вербалниот судир со противничкиот играч Антонио Санабрија кој демонстрираше уличарски манири.

Во еден момент Санабрија, кој е поранешен фудбалер на Барселона Б токму од времето на Меси а потоа и играч на Бетис, го плукна Аргентинецот додека тој беше свртен со грб.

Но, Меси не сакаше многу да се оптоварува со него ни на терен, ниту, пак, по натпреварот…

„Санабрија? Вистината е дека не знам кој е тој Санабрија, а во соблекувалната ми кажаа дека некој ме плукнал.. Не сакам да зборувам за тоа бидејќи работата ќе отиде предалеку ако кажам нешто, а тоа не ми е целта“ – рече Меси по дуелот, на тој начин спуштајќи го на земја Санабрија.

А, дека беше интересно во Јужна Америка, потврда е и дуелот меѓу Бразил и Венецуела кој заврши без победник, 1-1.

Незадоволните навивачи на Бразил сметаа дека Нејмар е главниот виновник за ремито па по завршувањето на дуелот се нафрлија со предмети кон својата најголема ѕвезда. Во еден момент Нејмар беше погоден и со картонска кутија, поради што упати серија пцовки кон своите навивачи…

Се вчитува...