Манеџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу е избран за најдобар тренер на Премиерлигата за месец септември, се вели во информацијата на официјалната интернет страница на Премиерлигата.
Постекоглу на тој начин врза две признанија во два месеци, откако беше најдобар и за месец август. Тој е прв во историјата на лигата на кого тоа му успеало во првите два месеци на новото работно место.
Тотенхем во септември освои 13 од вкупно можните 15 бода, па наградата на Постекоглу беше сосема очекувана. Единствен меч на кој не успеа да победи е ремито (2-2) на гостувањето против Арсенал.
Австралискиот стратег со грчко потекло изминатово лето го презеде Тотенхем и бележи одлични резултати. Тотенхем по осум одиграни гола се непоразени лидери во Премиерлигата со 20 бода.
Back-to-back @BarclaysFooty Manager of the Month awards for Ange Postecoglou 👏#PLAwards pic.twitter.com/8ucxWU4Kar
— Premier League (@premierleague) October 13, 2023
Наградата за најдобар играч во септември замина исто така кај Тотенхем во рецете на Хјунг-Мин Сон, откако во август најдобар беше Џејмс Медисон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

