МЗТ Скопје ќе мора да плати 16.000 денари како казна за транспарентот што навивачите на аеродромци го извадија на трибините за време на мечот со Гостивар, како навреда кон првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ.
„Во 1/4 четвртина бил истакнат транспарент од навивачката група на КК МЗТ Скопје А. во кој било напишано (гробарот на македонската кошарка и докажан циган, кариерата ја продолжува како турбо фолк хулиган), натпреварот бил прекинат и одкако се отстранил транспарентот натпреварот бил продолжен“, наведено е во делегатскиот записник од натпреварот.
Комесарот Милојевиќ реши да го санкционира шампионот со парична казна од 16.000 денари, за истакнување на транспарент со навредлива содржина по член 55.7, наведено е во најновиот Билтен објавен на официјалната веб-страница на КФСМ.
Трагикомична е состојбата во Академија ФМП, прволигашот кој по пропаднатата фузија со Струмица едвај собра екипа, па на гостувањето во Охрид настапи само со девет кошаркари во ростерот, кои немаа презимиња на грбот од дресовите.
„Се опоменува екипата на КК Академија ФМП. да ја доведе во ред опремата на играчите, и да настапува со соодветен број на играчи“, гласи последното предупредување од Милојевиќ до прволигашот од Кисела Вода, пред да се почне со парично санкционирање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА