МЗТ Скопје стигна до првата овосезонска победа во АБА2 лигата откако аеродромци славеа во македонската преметка над составот на Пелистер со резултат 78-91.
Tренерот на битолчани, Дарко Радуловиќ вели дека едноставно енергетски неговите играчи не биле на ниво на овој натпревар.
„Не бевме на ниво на минатиот меч и енергетски не бевме на тоа ниво. МЗТ беше физички подоминантен од нас, но денеска дефинитивно бевме послаб противник. Со осумнаесет изгубени топки едноставно не може да се добие МЗТ. Мораме кадровски да се подобриме за следните предизвици“, изјави Радуловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА