Од навивач до херој: Бурн го продолжи договорот со Њукасл

Англискиот стопер Ден Бурн и во следните две години ќе биде дел од Њуксал Јунајтед откако денеска официјално беше продолжен неговиот договор до 2025 година. 31-годишникот го засили тимот во јануари 2022 година и оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот забележувајќи 70 настапи.

Двестаидва сантиметри високиот Бурн кој од мал е голем фан на Њуксал Јунајтед не го криеше задоволството за продолжувањето на соработката за која вели дека е остварување на сонот.

„Не можам да опишам колку ми значи што сум дел од Њуксал Јунајтед. Тоа го кажам и кога беше реализиран трансферот. „Сент Мериз“ не е попатна станица, сакам уште долго да играм тука. Затоа продолжувањето на договорот е остварување на сонот за мене. Воодушевен сум и се радувам на предизвиците кои следат“, изјави Бурн.

Се вчитува...