Ивановиќ разочаран: Доказ дека уште не сме на ниво, така е кога не се игра одбрана…

Душко Ивановиќ не го криеше разочарувањето откако Црвена Звезда го претрпе првиот пораз во Евролигата, губејќи на гостувањето против Жалгирис.

„Црвено-белите“ беа подобар противник во првите три четвртини, но потоа целосно потфрлија во одбраната во последните десет минути, примија 29 поени во четвртата четвртина (29-18) и го загубија натпреврот.

„Честитки на Жалгирис. Ние тргнавме млако, потоа се консолидиравме, но за жалмечот го завршивме онака како што го почнавме, без енергија во одбраната. Имавме проблеми со чување на Улановас на низок пост, често помагавме, но Жалгирис одлично ја движеше топката и создаваше отворени шутеви од далечина. Ова е прв сигнал и доказ дека уште не сме на нивото на кое сакаме да бидеме, дека мораме уште многу да работиме. Кога нема да се игра одбрана против ривал како Жалгирис, нормално е да ве стигне казна“, изјави Ивановиќ по натпреварот.

Се вчитува...