Тони Крос ја игра последната сезона во дресот на Реал Мадрид, германскиот ас пред извесно време изјави и дека размислува за завршување на кариерата, но Пеп Гвардиола се надева дека ќе успее да го премисли трофејниот стратег и да го убеди да му се приклучи во Манчестер Сити.
Гвардиола има проблем со средниот ред сезонава по дупката што настана со заминувањето на Гундоган во Барселона, која не успеаја да ја пополнат ниту Ковачиќ ниту Матеуш Нунеш. Искусниот стручњак знае што му е неопходно, играч со богато искуство, но и со победнички менталитет, два квалитети што Крос во целост ги исполнува.
Актуелниот договор на Крос со Реал Мадрид истекува на крајот од сезонава, по што се најавува дека и тој и Модриќ ќе си заминат од „Сантијаго Бернабеу“ и ќе го препуштат своето место на помладите играчи од таборот на Реал Мадрид. Фактот дека би дошол без отштета го прави Крос идеално засилување за Сити, бидејќи во таква ситуација Гвардиола нема да жали пари на плата за да го убеди Крос да му се приклучи во Манчестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

