Роберто Мартинез ја продолжи серијата одлични резултати откако овој стратег седна на клупата на португалската репрезентација. Бројките се навистина импресивни, Португалија на седумте средби со Мартинез како селектор има исто толку победи, со дури 27 постигнати и само два примени погодоци.
Во главна улога е Кристијано Роналдо, кој настапи на шест натпревари, постигнувајќи седум погодоци, меѓу нив и двата гола што најдобриот португалски фудбалер ги постигна во синоќешниот триумф над Словачка. Мартинез очекувано има само пофални зборови за капитенот на португалскиот национален тим.
„Кристијано Роналдо се наоѓа во добра форма, се гледа дека игра редовно и дава многу голови на клупски план, бидејќи дојде преполн со самодоверба. Она што импресионира, напорната работа што ја вложува и искуството што го поседува – Роналдо е пример за помладите, инспирација за цела репрезентација. Гледајќи го него, сите останати даваат се од себе и на тренинзите и на натпреварите“, изјави Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

