Конте: Еден ден кога ќе се вратам, на сите ќе им биде потешко…

Антонио Конте беше многу блиску до преземање на кормилото на Наполи, но трофејниот стратег ја одби понудата на италијанскиот првак и реши да продолжи да ги „полни батериите“ минувајќи го целото време со своето семејство.

Тој во изјава за „Газета дело спорт“ обелодени дека одморот му е добредојден по серијата напорни ангажмани, но и дека размислува наскоро да му се врати на фудбалот.

„За мене стресот е гориво, притисокот ми дава мотивација да работам, така секоја победа ми е уште послатка. Постои позитивен и негативен стрес, се навикнав да бидам човек што ќе носи чиста енергија и адреналин. Тоа носи и голем стрес, затоа ми беше потребен одмор. Сега сум целосно исклучен од фудбалот, минувам време со семејството и со самиот себе. Продолжувам да работам на себе, да учам, за подобро да разберам како се менува нашиот спорт и како подобро да се снајдам во новите околности. Едно е сигурно, кога јас ќе се вратам, на другите ќе им биде потешко“, изјави Конте.

Се вчитува...