Проблем за Јунајтед: Кашемиро се повреди при настап за Бразил

Проблемите со повредени играчи во Манчестер Јунајтед дополнително се зголемија откако Кашемиро не успеа да го доврши натпреварот меѓу Бразил и Венецуела.

Големиот борец на средината од теренот се пожали на повреда и самиот побара да биде заменет, најнова во низата главоболки за Ерик тен Хаг.

„Кашемиро се пожали на силен удар во пределот на скочниот зглоб. Тој не можеше да продолжи, самиот побара замена, а по деталните прегледи ќе утврдиме за колку сериозна повреда станува збор“, објави бразилскиот селектор.

Манчестер Јунајтед во првиот меч по репрезентативната пауза ќе се сретне со Шефилд Јунајтед, меч закажан за следната сабота.

Се вчитува...