У-19: Храбар меч на надежите, несреќен пораз од големата Германија во финишот

Уште еден повеќе од квалитетен натпревар одигра младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години во квалификациите за ЕП 2025. На дуелот кој се играше во Бидгошч, Полска, избраниците на Тони Јакимовски загубија од големиот фаворит Германија со 3-1, во меч во кој противникот до триумфот дојде во последните 20 минути од средбата.

По претходната победа над домаќинот Полска од 2-0, овој пат во 2. коло Македонија одигра сосема рамноправно се до 70. минута против повеќекратниот европски и светски шампион.

Сосема израмнет дуел во првото полувреме кое заврши без голови. Германците поведоа со голот на Пејчиновиќ во 57. минута, но веќе во 63. минута Мартин Ѓоргиевски израмни на 1-1.

Сепак, Германија дојде до победата со два гола на Бишоф во 70. и во 75. минута за конечни 3-1.

Македонската селекција, и покрај овој пораз, останува со реални шанси за втората позиција во групата која води во елитната фаза од квалификациите за ЕП, ако во 3. коло успее да слави против најслабата селекција во групата, Казахстан која претходно загуби од Германија (0-6) и од Полска (0-3).

Се вчитува...