ЕКИПА во Прага
Горан Бошев
ФОТО: Роберт Спасовски
Македонската репрезентација го загуби клучниот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2024. Во Прага на неутрален терен, Украина со 2-0 го доби дуелот со Македонија, и остана во игра за еворсобирот идната година.
Напаѓачот Бојан Миовски по мечот видно разочаран изјави дека за жал на овој меч среќата беше на страна на Украинците.
„Даваме се од себе. Одигравме одлично прво полувреме во кое недостигаше само гол. Несреќно загубивме, тоа е се што треба да се каже за овој меч. Едноставно тоа е фудбалот ние немавме среќа и затоа мора да продолжиме понатаму“, изјави Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

