ТФТ во третото коло стигн ао до втората победа од кошаркарскиот шампионат, откако тимот од скопско Тафталиџе славеше на денешната пресметка со Вардар, на гостински терен со резултат 64-88. „Вардарци“ пријатно изненадија со две победи во првите две рунди од новата сезона, но избраниците на Јованчев немаа никаква шанса за подвиг против мотивираниот состав на Боро Смилковски, кој со рутинска победа ги остави зад себе последните два пораза од турнирот во АБА2 лигата.
Уште од самиот старт беше јасно дека Вардар нема што да бара на овој меч, ТФТ стартуваше фуриозно и за нецели три минути поведе со 0-10, а на половина од првата четвртина резултатот гласеше 2-18. Вардар конечно се разбуди, но гостите од Тафталиџе имаат доволно и квалитет и искуство за да не дозволат домашниот состав да се врати во натпреварот. На пауза се замина со предност на ТФТ од 27-50, по што поранешниот освојувач на Купот на Македонија рутински ги одработи преостанатите 20 минути од натпреварот и заслужено стигна до победата.
Пет кошаркари на ТФТ имаа двоцифрен ефект, а најефикасни беа Ташовски со 17 и Хотон со 15 постигнати поени, додека најдобар поединец кај Вардар беше Атанасов со 15 поени, единствен со двоцифрен број на поени во домашниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА