Феникс 2010 стигна до првата победа во сезоната 2023/24 и воедно и го нанесе третиот пораз на Академија ФМП едно по друго откако во 3. коло славеше на гостувањето во Кисела Вода со 86-108 .
Избраниците на Денис Дервишевиќ важеа за апсолутен фаворит на денешната средба, а улогата ја потврдија уште од самиот старт на натпреварот. Феникс 2010 доминираше во играта во рекетот каде умешно ја користеше предноста во висина со 56 поени постигнати од овој сегмент во играта, додека Академија ФМП се одржуваше во игра во воведот благодарение на шутот за три поени, но како што одминуваа минутите гостите така ја зголемуваа предноста.
По крајот на првата четвртина на семафорот стоеа +9 (20-29), на полувремето оваа предноста се искачи на +11 (46-57) за сите надежи на домаќинтие да бидат завршени во второто полувреме во кое гостите стигнаа и до највисоките +26 (63-89). До крајот на средбата сите играчи во двата тима добија шанса за докажување, а Феникс 2010 успеа и да ја надмине границата на сто постигнати поени.
Со 23 поени и 7 скокови лидер на Академија ФМП беше Лука Петровски, додека 26 поени и 11 скокови Џо Рис беше најрасположен кај Феникс 2010.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА