Србија има за што да жали по вечерашниот пораз од 2-1 во Будимпешта, особено ако се знае дека „орлите“ имаа два поништени гола во второто полувреме, но и неколку одлични шанси што останаа нереализирани.
Најубава дефинитивно беше онаа двојната во 70. минута, кога најпрвин Тадиќ по една мешаница го погоди дирекот, а по одбиената топка дефанзивецот Павловиќ наместо во мрежата, повторно го погоди дирекот на среќниот унгарски голман.
Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси не можеше да верува што се случува, па само се прекрсти вртејќи се кон својата клупа.
— Ricardo Kaka (@rikardons) October 14, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

