ВИДЕО: Хорор-повреда на летонскиот кошаркар кој блесна на Мундобаскетот

Летонецот Артурс Жагарс доживеа хорор-повреда на пријателскиот дуел меѓу неговиот БЦ Волфс и екипата на Лијеткабелиса.

Плејмејкерот кој блесна на Светското првенство во дресот на Летонија, водејќи ја својата репрезентација до петтото место на шампионатот, доживеа страшно несреќна повреда на коленото поради која за него е завршена сезоната уште не почната.

Според информациите од Летонија Жагарс ги скинал лигаментите на коленото поради што го чека долга пауза.

Артурс Жагарс имаше 12,4 поени, 2,6 скока и 7,4 асистенции по натпревар на Мундобаскетот, а постави и рекорд со 17 асистенции на дуелот против Литванија.

Се вчитува...