Италија и без Закањи против Англија

Напаѓачот на Лацио, Матија Закањи поради повреда на скочниот зглоб ќе го пропушти престојниот натпревар на Италија против Англија во квалификациите за Европското првенство 2024.

Како што информираше Фудбалскиот сојуз на Италија, „по физичките тестови реализирани во текот на вчерашниот ден заклучено е дека Закањи не е во можност да биде со тимот за мечот во вторник во Лондон“.

Спалети пред дуелот со Англичаните има сериозни проблеми, откако претходно поради повреда откажа и Федерико Киеза, а Николо Заниоло и Сандро Тонали ја напуштија репрезентацијата по скандалот со недозволено спортско обложување. Во составот не е и повредениот Чиро Имобиле.

Селекторот на Италија токму поради тоа дополнително го повика Стефано Ел Шарави.

Се вчитува...