Срамна непочит: Камерите ‘уловија’ француска ѕвезда како се смее за време на минута молк (ВИДЕО)

Селекцијата на Франција со триумфот над Холандија од 1-2 веќе си обезбеди пласман на Европското првенство 2024 година.

Но, некако како посебен момент од мечот на двете селекции француските медиуми го издвоија однесувањето на на нивниот стопер, Жан-Клер Тодибо, кој како позајмен фудбалер од Барселона игра во Ница.

Пред мечот, имаше едноминутно молчење за професор во француското место Арас убиен во терористички напад, а Тодибо неочекувано почна да се смее, уловен и од камерата во директниот пренос. Сето тоа наиде на жесток револт во француската јавност, па се најавува дека поради непочит ќе биде отстранет и од репрезентацијата.

Се вчитува...