Фудбалската репрезентација на Бразил ја тресе скандал по натпреварот со Венецуела на кој „кариоките“ киксираа, ремизирајќи 1-1.
Бразилските медиуми пишуваат дека најдобрите фудбалери Нејмар, Винисиус Жуниор и Ричарлисон ноќта пред мечот со Венецуела организирале оргии со три инфлуенсерки, забавувајќи се до раните зори.
Новинарот Матеус Балди се одлучил да го сподели овој скандал со јавноста, како што вели, „затоа што веќе еднаш треба да се стави крај на засрамувачкиот однос на најголемите ѕвезди за време на репрезентативните собири“.
Според него, вечерта пред натпреварот тројцата се забавувале со познатите инфлуенсерки, Ребека Рибеиро, Летисија Согиро и Рита Лопес.
„Скандал! Не е ни чудо што ремизираа со Венецуела по она што се зборува во Кујаба и срамната забава во која учествуваа Нејмар, Вини и Ричарлисон“ – пишува Балди.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

