Дејан Георгиевски со злато на Г1 Загреб Опен, за чекор напред кон Париз 2024

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски за само еден месеци се закити и со втор златен медал на Опен Г1 серијата, освојувајќи го првото место денеска на Загреб Опен Г1 во Хрватска.

Георгиевски имаше три одлични борби до златниот медал, најпрво победувајќи го Марко Насо од Италија, потоа во полуфиналето беше подобар од Патрик Переира Кардосо од Бразил за на крајот да го совлада и Брајан Зондероп за златен медал.

Ова е второ злато за Георгиевски месецов, откако претходно беше најдобар и на турнирот Г1 Тирана Опен. Сето ова е чекор напред на патот кон ЛОИ 2024 во Париз.

Се вчитува...