Трилер-меч во Сент Гален: Белорусија имаше 1-3, па Швајцарците извлекоа 3-3 со два гола во финишот (ВИДЕО)

Вистински „трилер“ натпревар во Сент Гален одиграа Швајцарија и Белорусија во Групата И од квалификациите за ЕП 2024 кој заврши без победник (3-3), и покрај тоа што Белорусите имаа водство и од 1-3.

Швајцарија прва поведе со голот на Шаќири во 28. минута, но потоа Белорусите стигнаа до неверојатни 1-3 кои ги имаа се до 89. минута кога следеше драмата со два гола на домашните за конечни 3-3.

Неверојатната драма се случи во последните 20 минути од средбата кога најпрво Белорусија поведе во 69. минута со 1-2 со голот на Полјаков.

За да биде шокот за домашните уште поголем Антилевски во 84. минута зголеми на 1-3. И потоа тргна тоталната офанзива на Швајцарците.

Па, Аканџи во 89. минута намали на 2-3, а веќе во 90. минута Амдуни израмни на 3-3.

Швајцарците се на чело на табелата во Групата И со 15 бода.

Standings provided by Sofascore

И Чешка се мачеше во Групата Е, едвај минимално со 1-0 победувајќи против Фарските острови.

Чесите до триумфот дојдоа со голот од пенал на Соучек во 76. минута од средбата.

Се вчитува...