Кожув убедливо против Охрид за прва победа во новата сезона

Кошаркарите на Кожув ја запишаа првата победа во новата сезона од Првата македонска кошаркарска лига, и тоа на убедлив начин со 96-69 славејќи против Охрид на домашен терен.

Без апсолутно никаков проблем гевгеличани дојдоа до триумфот најавувајќи го уште во првата четвртина која ја добија убедливо со 25-15. Во продолжението следеше неверојатен втор период кој Кожув го доби со 29-9, по што веќе беше сосема јасно кој ќе ја однесе победата.

Второто полувреме беше само рутина на патот до првата победа. За Охрид, пак, ова беше вториот пораз, наспроти и една победа низ досегашните три рунди.

Најефикасни во победничкиот тим беа Аритсон и Слејтер со по 18 постигнати поени, а Кимбруг беше најдобар кај охриѓани со исто така 18 постигнати поени.

Се вчитува...