Младата репрезентација го одработи првиот тренинг во Кишињев пред мечот со Молдавија (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 денеска вечерва во Кишињев го одработи првиот тренинг во пресрет на натпреварот од квалификациите за ЕП против Молдавија кој го игра во вторник (17. октомври).

По денешното пристигнување во главниот град на Молдавија, селекторот Драган Канатларовски го одработи првиот тренинг на теренот на ФК Зимбру низ подготовките за дуелот во вторник кој е трет за црвено-жолтите низ актуелниот квалификациски циклус.

Утре на стадионот Зимбру, каде и ќе се игра натпреварот, македонската селекција ќе го одработи и официјалниот тренинг.

Натпреварот меѓу Молдавија и Македонија во Кишињев се игра во вторник со почеток од 17 часот. Македонија претходно има победа над Шведска од 0-1, и пораз од Холандија од 2-0.

Се вчитува...