Легендата на Лацио, Чиро Имобиле изминатото лето одби богати понуди за преселба во Саудиска Арабија со цел да биде дел од тимот кој во новата сезона се натпреварува и во Лигата на Шампионите, но почетокот на сезоната воопшто не е во полза на тимот од Рим.
Лацио се наоѓа на 13. место на табелата во Серија А, а поради лошата форма фудбалерите наидоа на остри критики на навивачите на тимот. Поради истите е разочаран Имобиле кој се закани со преселба.
„Размислував да заминам, но останав поради Лигата на Шампиони и Италија. По ваков почетокот на сезоната, поготово после критиките кои ги добивме сфатив дека некои мои потези не се ценат доволно. Се тоа ме боли. Можеби ќе се одам од клубот во јануари или на крјаот на сезоната. Моето размислување сега не е какво што беше во јули“, изјави Имобиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

