„Сакаме Жозе Мурињо да не учи како да играме фудбал“

Легендарниот португалски стратег Жозе Мурињо ова лето ги одби милионите на Саудиска Арабија и се одлучи да остане во Рома каде засега работите не се одвиваат во најдобар можен ред. Поради истото не се отфла можноста за промена на тренерското место во Рим што најверојатно ќе значи и преселба на „Специјалниот“ во новата фудбалска средина.

Самиот Мурињо неодмана изјави дека еден ден ќе биде дел од шампионатот на Саудиска Арабија каде раководните лица на првенството на него гледаат како нов исчекор кон исполнување на целта – формирање на една од најсилните лиги во светот.

„Нема сомнеж дека ефектот на Роналдо беше неверојатно добар за нас во однос на гледањето и продажбата на ТВ правата. Можам да ви кажам дека Мурињо ќе биде следната голема работа. Неговото доаѓање ќе ја однесе нашата лига на едно ново ниво. Сакаме тој да не научи да играме фудбал“, изјави првиот човек на првенството, Карло Нора.

Се вчитува...