Дани Алвеш се изјаснува како виновен за силување?

Поранешната фудбалска легенда на Барселона и Бразил, Дани Алвеш од јануари е во затвор каде го чека судењето за сексуален напад, казнена категорија која вклучува силување во Шпанија. Доколку биде прогласен за виновен 40-годишникот ќе може да довие казна затвор од 6 до 12 години.

Според пишувањата на шпанските медиуми Алвеш неодамна го променил и адвокатот и сега е застапуван од страна на Инес Гвардиола, адвокатка специјализирана за сексуални напади и криминално право со која ќе ја промени и стратегијата за добивање на што помала казна.

Алвеш кој досега пет пати го променуваше исказот и при секоја промена се изјасни како невин, ќе плати финансиска обесштета кон жртвата и ќе прифати вина.

Се вчитува...