Тонали го чека голема казна поради аферата со обложување

Италијанскиот фудбал и натаму го „тресе“ коцкарска афера. Играчот на Јувентус, Николо Фаџоли на почетокот на минатата недела призна дека се обложувал на фудбалски натпревари, а потоа се појавија и други имиња, многу познати од младиот фудбалер на Јуве.

Станува збор за Сандро Тонали и Никола Заниоло, кои се дел од италијанската репрезентација. На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска федерација, од УЕФА и ФИФА, а оние кои ќе го прекршат ова, се соочуваат со казна не помала од 25.000 евра, како и забрана за играње до три години.

Тонали се одлучил да се нагоди со Италијанскиот сојуз, и со судот во Торино. Тој наводно изразил подготвеност да соработува со истражителите. Истото ќе го стори и Фаџоли, кој ќе има уште едно сослушување, па потоа ќе му биде изречена казната.

Ла газета тврди дека таа ќе изнесува од 10 до 18 месеци забрана за фудбал. Фаџоли ќе добие ваква казна поради тоа што соработувал со истражителите. Се очекува и Тонали и сите вклучени во овој скандал да добијат исти казни. Се верува дека Тонали ќе биде во аут 18 месеци. Истрагата утврдува дали играчот од средниот ред се обложувал на натпревари на Милан, додека настапувал за нив. Тој оваа година замина во Њукасл за отштета од 64 милиони евра.

Се вчитува...