Тен Хаг не го дава „спасителот“, но ќе го продава „заспаниот“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг даде до знаење дека играчот од средниот ред Скот Мектомини нема да го напушти „Олд Трафорд“. Шкотланѓанецот беше поврзуван со транфер во друг клуб, поради слабата минутажа која ја добива, но Тен Хаг нема намера да го пушти својот „спасител“.

Мектомини во судиското надополнување постигна два гола против Брентфорд, при што Јунајтед направи пресврт и победи со 2-1. Ако загубеше, веројатно тоа ќе беше последниот меч за Тен Хаг на клупата, поради очајниот старт на сезоната и во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.

Се очекува во јануарскиот преоден рок да има интерес за Шкотланѓанецот, откако летоска за него се интересираа Вест Хем  и Фулам. Меѓутоа засега Тен Хаг нема намера дас е откаже од својот „спасител“.

Од друга страна, пак, еден друг играч може да го напушти „Олд Трафорд“. Станува збор за Антони Марсијал, кој е на излезна врата од Јунајтед. Тој се почесто се наоѓа на клупата за резерви отколку во првиот состав, па затоа се погласни се шпекулациите дека во јануари ќе си замине. Пред извесно време беше поврзуван со Борусија Дортмунд, но до трансфер не дојде. Неговата цена о моментов е 15 милиони евра, што е далеку помалку од она кое Јунајтед го плати за него во 2015 година, кога го донесе за 60 милиони од Монако. Иако се очекуваше многу од него, во изминатите седум сезони не успеа да блесне во дресот на „Црвените ѓаволи“.

Се вчитува...